Што е важно да се заклучи од изјавата на Талат Џафери, е дека немаат 80 пратеника, односно немаат две третини во македонскиот Парламент кој што ќе поддржи бугарски диктат и тоа ние го зборуваме веќе повеќе од една година. Се сеќавате, започнаа уште од претходната година, уште во 2022 откако го прифатија бугарскиот диктат, да водат една лажна кампања дека оваа есен, па ако не есента зимата, ако не зимата пролетта, па мај, па јуни, еве поминува и јули самиот Талат Џафери кажува дека немаат две третини, односно немаат 80 пратеници, тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува го зборува цело време, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за изјавата на собранискиот спикер, Талат Џафери кој најави одложување на гласањето на уставните измени.

“И сега, наместо да го распуштат парламентот, наместо сите заеднички 120 пратеници гласаат за распуштање на Парламентот и да организираме предвремени парламебтарни избори оваа есен, тие ја продолжуваат агонијата кај граѓаните во Македонија. Зошто, затоа што неколку мина во ракодството на СДСМ и неколкумина во раководството на ДУИ исплашени дека со новата политичка реалност дека ќе ги изгубат своите позиции на политичката сцена, а дел од нив ќе ги изгубат своите позиции внатре во партијата, а богами и привилегиите и можноста да го крадат народот преку наместени тендери, од петни жили грчевито се борат да нема предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ако сакаме да ја прекинеме оваа агонија, ако сакаме Македонија да оди напред, ако сакаме Македонија вистински да чекори кон ЕУ, а не според оние европски вредности кои ги прокламира Владата на ДУИ поддржана од СДСМ тогаш час поскоро 120 пратеника треба да гласаат за распуштање на парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори оваа есен бидејќи, секако, на пролет не чекаат редовни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.