Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо огромен, вели Софија Куновска уште еднаш споделувајќи го статусот на скопјанец, во кој тој раскажува средба со „пријател“ кој отворено му признава како под лажни документи се увезува разно ѓубре во Скопје за согорување.

Никој релевантен не смее  да зборува оти се е подмачкано, вели меѓу другото „пријателот“.

Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него.
Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница а пак детската онкологија е посебна тажна приказна.
Додека,според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, пишува Куновска која најави дека ќе гои споделува ова секој ден додека не се разбудиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.