Здруженијата на Македонците со потекло од Грција реагираат на најавата на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ   дека и т.н Егејци ќе влезат во Преамбулата во Уставот. Тие велат дека не со нив нив никој не разговарал на оваа тема но нема и што да разговара бидејќи се знае дека тие не се никакви Егејци туку чисти Македонци.

Не може да има разлика. Ние сме Македонци и ништо друго. Не постојат други Македонци, Македонци. Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме.Не може да се прави посебна нација Егејци, Вардарци, еден народ сме. Тоа значи дека Гоце Делчев бил Егејски Македонец а не Бугарин-вели за „Република“ Ташко Јованов oд Здружението на Македонци со потекло од Грција.

Јованов нагласува дека здруженијата имаат единствен став по ова прашање и никој не дал согласност  и дозвола да разговара во нивно име со заменик министерката за правда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.