Поранешниот премиер Зоран Заев, кој го промени името на Република Македонија со потпишувањето на Преспанскот договор, беше поканет како главна ѕвезда на Третиот конгресот на грчката партија Сириза.

Заев беше пречекан со овации, а во говорот што го одржал вели дека му претставува голема чест и привилегија е да учествува и да ги сподели своите  размислувања.

Јас и Алексис бевме решени да направиме огромен заеднички чекор кој ќе работи за иднината на нашите земји, нашите граѓани, целиот регион и Европа. Во име на иднината на пријателството, на мирот и стабилноста, за нашите млади генерации.

Неодамнешниот пресврт на настаните во Украина предизвикан од руската агресија покрена силни ризици, загрижености и стравови.

Единственото решение е мирот. Итен дијалог наместо насилство. Затоа, целосно ги поддржувам независноста и територијалниот интегритет на Украина и изразувам сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. Потребен е итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право, насочено да ги брани заедничките вредности, човековите права и заштитата на основните слободи.

Ние, демократскиот свет, треба да продолжиме да ја зајакнуваме меѓународната соработка и координација за да развиеме нови пристапи за промоција и заштита на демократиите ширум светот.

Со Алексис работевме за мир и успеавме да го решиме конфликтот чии темели беа длабоко во историјата. Овој успех има влијание многу подалеку од регионот.

Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста.

Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји.

Тоа е најскапоцената придобивка. Можете ли да замислите колку можеме да изградиме на овие темели во иднина? Не двоумете се, не ограничувајте ги вашите соништа и визии – да, нашите граѓани, нашите општества и нашите земји можат да изградат регион на просперитет токму на овие темели.

Затоа Алексис и јас избравме да направиме сѐ што можеме за да најдеме решение без одложување. Дозволете да ве прашам, кој е доблесен? Оној кој едноставно го пролонгира проблемот или тој што прифаќа да го најде решението? Дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно!

Последно, но не и најмалку важно, преку исполнувањето на нашите заложби, наследството од нашето пријателство ќе се одржува и понатаму ќе се развива, бидејќи отворено разговаравме за сите прашања дури и кога се чинеше дека нема решение.

Кои се предизвиците доколку не се и шанса за решенија! Доколку не ги гледате како можности за креативни решенија, како чекори кон остварување на нашата визија. Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не ѕидови.

Драги пријатели,

Треба да продолжиме да соработуваме уште повеќе од претходно. Идеите на левицата мора да се промовираат, гласно да се зборуваат и да се артикулираат.
И ние треба да преземеме активности според нашите идеи. Имаме добри шанси. Ја предизвикувам тезата дека Европа е или ќе биде предводена од екстремната десница. Има многу земји како Грција и Македонија кои го покажаа спротивното.

Да останеме заедно.

Да направиме повеќе за демократијата и за солидарноста. Ајде да свртиме друга страница. Доаѓаат нови почетоци. “Неа арх” за нашите граѓани. Нови почетоци за нашите граѓани, нови почетоци за нашите држави, за регионот, за Европа.
Efharisto poly! Благодарам многу. Thank you very much.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.