Протерувањето на шестмина руски дипломати од Македонија негативно ќе се одрази на односите меѓу двете земји, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Властите на Македонија продолжуваат да ја следат русофобијата на Западот и ја уништуваат спиралата на билатералните односи – се вели во соопштението на руското МНР.

Во соопштението, исто така се  наведува дека уште една провокација против руски дипломати секако ќе предизвика негативни последици во односите меѓу Русија и Македонија, пренесува ТАСС.

Захарова додава дека Русија ќе преземе реципрочни мерки кон Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.