45 македонски државјани поседуваат имоти во Дубаи, во вредност од 14 милиони евра, додека Македонија се дави во сиромаштија и во инфлација, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Додаде дека финансиските власти во Македонија со денови молчат, молчи и Ковачевски, молчат и од СДСМ, и праша – дали зад нивниот молк се крие нечие прикривање?
Во извештаите кои што ги објавија норвешките истражувачки новинари, а со помош на Центарот за напредни одбранбени студии со седиште во Вашингтон се откри голем број на олигарси, политичари и мафијаши ширум светот кои што засолниште за своите матно стекнати пари нашле во оваа земја со заштитничко законодавство кон сите кои ќе инвестираат и ќе ги однесат нивни пари таму. Еден од најчестите патници Скопје – Дубаи и обратно е Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев, тој беше во овој град и кога неговиот шофер беше фатен во шверцот со кокаин во Прилеп, каде што остана во Дубаи и повеќе од еден месец бегајќи од новинарите, соопшти Стоилковски.
Тој праша – Дали презимето Заев е едно од сопствениците на имоти во Дубаи, колку пари чини тој имот и како е стекнат?
Зоран Заев, како поранешен премиер, но и СДСМ кои што се негови пиони треба да кажат дали Трајче Заев или некој од семејството Заеви поседува имот во Дубаи и за која цел?
Дали Заеви, но и дали актуелни политичари од СДСМ покрај имот во Дубаи се сопственици и на фирми во безцарински и нискоданочни зони? Доколку да, дали тие сметки се користени за вадење пари од тендери и од шемите низ Македонија?
Во владата и од СДСМ да не молчат. Ковачевски и Заев да излезат и да кажат дали и како се купени имоти во Дубаи?, побара Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.