Во информацијата што МВР ја објави за акцијата изведена во соработка со американската агенција ДЕА, во која беше запленета дрога во вредност од 800.000 евра, меѓу уапсените се наоѓа и М.З.(29) од Куманово.

Како што информираат граѓани на социјалните мрежи, станува збор за лице, кое работело како лично обезбедување на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.

Тој бил ПРЕТХОДНИЦА или ЧИСТАЧ во колоната на транспортот на Марихуаната.

Зошто МВР не го објави овој податок⁉️ – прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Според информации од истрагата М. З. го возело автомобилот „Ауди А8“, што било „чистач“ пред комбето во кое се пренесувала марихуаната.

Низ Куманово се зборува дека тоа лице било обезбедување на висок претставник од власта.

По ваквите информации, се поставува прашањето зошто МВР молчи за тоа и зошто министерот Оливер Спасовски не дава информации кој е уапсениот и кому му бил обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.