Иако го споменуваат само со иницијали, евидентно е дека од ВРЕДИ одговорноста за скандалот на скопскиот аеродром ја лоцираат кај лица блиски до Артан Груби. Велат дека не би биле зачудени ако зад инцидентот стои токму тој, пренесува „360 степени“.
Владејачката коалиција партии на Албанците – ВРЕДИ смета дека партијата на Ахмети ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово.
Владејачката коалиција на партиите на Албанците – ВРЕДИ смета дека Демократската Унија за интеграција свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста, имајќи предвид дека косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел да се влошат билатералните односи меѓу Македонија и Косово.
Иако не сакаат да ја попречуваат истрагата која што е во тек, од ВРЕДИ оценуваат дека поради паничните соопштенија кои ги испраќа ДУИ, тие мора да постават отворени прашања за можната вмешаност на кадри од партијата на Ахмети во инцидентот. Велат дека не случајно вчера напоменале дека нема да бидат зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г. познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент.
Повод за тоа, според нив е фактот дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ отворено покажуваше незадоволство од отсуството на политичка поддршка за нивната платформа од косовските државни функционери.
„Кое е вработеното лице на аеродромот кое објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. а се појавило на местото на инцидентот и со кои намери и причини? Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете претседателката на Косово во обид да креирате тензии и да ги направите Албанците заложници, за да се спасите од правосудна одговорност?“, ги прашуваат од ВРЕДИ нивните опоненти од ДУИ.
Од ВРЕДИ им порачуваат дека тоа нема да им помине и ќе мора да се соочат со вистина, која откако ќе биде обелоденета ќе ја засрами политичката партија на Ахмети.
Претходно, ДУИ побара политичка одговорност за скандалот да преземат собранискиот спикер Африм Гаши бидејќи по негов налог, диво и недоволиво на скопскиот аеродром се однесувал шефот на неговото обезбедување, како и заменик министерот во МВР Астрит Исени, кој воопшто не бил информиран за скандалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.