Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко постави нови знаци за забрана на шетање низ чаршијата по костими и шорцеви за капење. Знаците се поставени без одлука на Советот на општина Струга.

Советниците во Советот на општина Струга од редовите на ВМРО ДПМНЕ, посочуваат дека никој нема право да поставува знаци во градот ако тоа не е наведено во програмите или усвоено со посебна одлука на Советот со образложение за причините.

Граѓаните на Струга се со поделени мислења. Едни сметаат дека е добро по шеталиштето да се почитува јавниот ред , други пак велат дека не смее да има ваква забрана во тиристички центар како Струга.

Одлуката за поставување на необичните знаци е објавена на официјалната страна на Општина Струга со фотографии од поставените знаци кои ги известуваат туристите дека разголеност низ градот е забранета.

Притив струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се покренати 30 кривични пријави, од кои 16 се активни, а14 се застарени. Мерко од 20 јуни е и на црната листа на САД поради сомненија за корупција и мешање во работата на судството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.