Сериозна епидемија на непотизам во СВР Тетово, алармираат од Левица, објавувајќи дека сопругот на пратеничката од СДСМ Фаница Николовска, Јованче Николовски со само 2 години работно искуство е назначен за началник на ОКРА во СВР Тетово од страна на Оливер Спасовски.

Имено за таа позиција, втора по хирархија во СВР Тетово, е потребно 6 години работно искуство!
Но, дотичната пратеничка си го вработи својот сопруг според “сите протоколи за вработување во рамките на законските прописи”.
Јованче со своето долгогодишно искуство како обичен пумпаш, стана началник во СВР Тетово. Со среќа!
Обвинувате други за непотизам а за својот не одговарате!, потенцираат од Левица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.