„Во јавноста и медиумите излезе потврда дека Зоран Заев бил подготвен да тргува со ликот и делото на Гоце Делчев, заедно со уште други историски личности. Тоа на виделина ја вади лицемерноста на СДСМ. Кога целокупната јавност стравуваше дека Заев е подготвен да направи ваков анационален чекор, тие без срам и перде тврдеа дека тоа не е точно. Сега гледаме дека било и тоа како точно, ама СДСМ ја лажеле јавноста“, е истакнато во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Кој му го дал тоа право на Заев да се пазари со ликот и делото на Гоце Делчев? Дали и Ковачевски како дел од владата учествувал во ваквото раскрчмување на националните и државните интереси?. Сега е јасно и зошто СДСМ бегаше како ѓавол од темјан од гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот од неговото раѓање. Се покажа целиот карактер на СДСМ. Ред анационални политики, ред лаги, ред тргување со државните интереси, е истакнато во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврди, велат од таму, дека далеку од очите на јавноста, опозицијата, парламентот, експертите, ликови како Заев и Ковачевски на маса се пазарат, како што додаваат во напишаното, со ликовите и делата од македонската историја само за да зачуваа фотелја некој месец повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.