Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје е преполн со верници, но и со претставници на државниот врв, како и со претставници на останатите верски заедници кои го следат заедничкото сослужување на поглаварите на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и Српската православна црква, Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.

Во делегацијата од СПЦ, заедно со патријархот се присутни Мирополитот Црногорско-приморски Јоаникиј, епсикопот сремски Василиј, Бачкиот епископ Иринеј, зворничко-тузлансткиот Фотиј, крушевачкиот Давид, ремезијански Стефан и Пабачки Јеротиј.

Патријархот Порфириј стигна во Скопје, двете делегации се сретнале во резиденцијата на г.г. Стефан.

Заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.