Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.
И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.
Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.