Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу. Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат, велат во партиското соопштение ВМРО ДПМНЕ.

Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.

Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС. Спремете се за одговорност, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.