„Донациите на медицинска опрема” од веледрогериите на двоецот ДУИ – СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис” во здравството. Имено, пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Од Комисијата отвораат низа дилеми и прашања:
За каква “донација на опрема” станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои „донаторот” единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира?
Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки?
Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот?
Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?
Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.