Маричиќ уште првиот ден како продолжение од својот функционерски стаж јавно се огради од македонското малцинство во Бугарија додека клима со главата на бугарските барања за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавата на Маричиќ е дека нема да се меша во малцинските права во Бугарија.
Прашуваме:
Кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија?
Дали изјавата на Маричиќ значи дека ќе побара Бугарија да не се меша во правата на малцинствата во Македонија?
Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое преставува продолжување и континуитет на срамните политики на заевизмот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.