Му благодариме на Ковачевски што е јавно задоволен со барањето за избори во мај, и еве ако е прифатливо за него, владата да се распушти во февруари и Македонија да оди на избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се надеваме меѓу два стратешки состаноци за барање на странска помош за справувања со кучиња бездомници и чекањето на списокот со задачи кој треба да му го донесе Али Ахмети по тиранската средба, Ковачевски нема да го смени мислењето и да исчезне благодарноста за избори во мај, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.