Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот, реагиораат од ВМРО-ДПМНЕ.

Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.

 

Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор.

 

Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.