Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повтори дека нема да ги поддржат уставните промени бидејќи тоа им го немаат ветено на граѓаните, власта полека како да почнува да го подготвува народот за ново бугарско, односно европско вето.
Ние не излеговме на избори дека ќе менуваме Устав.Тоа што ќе направиме по ова прашање ќе го кажеме во кампања и граѓаните ќе одлучат дали ќе ни дадат поддршка-јасен беше вчера лидерот на опозицијата.
Но, по изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ станува очигледно која ќе биде тактиката на власта кога Бугарија ќе каже повторно „не“ за почеток на преговори.
Она што е битно е дека по првпат, ветото може да дојде од домашен политички фактор. Секогаш сме биле блокирани од друга држава, а наредната година може ќе бидеме блокирани од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа изјава на вицепремиерот е опасна и отвара многу прашања. Како е можно да имаме ново вето кога според тврдењата на власта преговорите се почнати?
Власта упорно ја лаже јавноста дека преговорите се почнати а вистината е дека е во тек скрининг процес но и кога тој ќе заврши имаме уште еден услов. Без него преговори нема.
Согласно т.н француски предлог во кои се содржани сите бугарски барања, од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот. Но, за тоа се потребни 80 пратеници кои власта не може да ги обезбеди без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, во никој случај не може виновник да биде опозицијата во ситуација кога власта превзела обврска која не може да ја исполни бидејќи нема доволен број пратеници за промена на Уставот.
Јасно е дека од преговори нема ништо, а кој е виновен или заслужен ќе кажат граѓаните на избори од кои власта бега како ѓавол од темјан знаејќи ги анкетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.