Професорот Владо Поповски, коментираји ги го предлогот за уставни измени вели дека не е против да бидат додадени и Бугарите  и другите, меѓутоа неопходно е да се избрише оној дел од Преамбулата во која се изразува благодарност на своите предци за  создавањето на Македонија.

Особено треба да се избрише делот за Бугарите кои како држава и народ ја негирале Македонија и Македонците како посебен дел.

Еден од творците на првиот македонски Устав вели дека Бугарите со ништо не придонеле во создавањето на Македонија.

 

Парадокс би било дека сме благодарни на Бугарите за создавањто на Македонија. Бугарија секогаш ја негирала посебноста на Македонците и тврделе дека сме Бугари.  Не сум против да бидат ставени во Преамбулата но треба да се избрише делот за благодарноста за создавањето на македонската држава бидејќи Бугарија е сѐ спротивно од тоа. Треба да се избрише таа благодарност на своите предци.  Како илустрација ќе наведам тоа што претедателот на Бугарија Радев говори за 1.300 години заедничка историја и дека во иднина ќе имаме  што е неточно-вели Поповски за „Република“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.