Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неодговорни се изјавите од владата дека немаат пари за покачување од 18% како што бара СОНК, а во исто време нивните генерални секретари склучуваат криминални физибилити студии тешки милиони.

Несериозно е да зборуваат дека немаат пари за покачување на платите на наставниците, а во исто време да распишуваат оглас за да градат зграда за АХВ од над 8 милиони евра.

Потценувачки е да нема пари за наставниците, а секој месец во РЕК Битола да се склучуваат милионски договори за ископ, механизација, или друг вид на работи, на кои потоа се гледаат струмички камиони како вртат.

Владата не ги покачи платите за да има да краде.

Пари во буџетот за поголеми плати има, само треба да се запре со крадењето кое го прават функционерите од СДСМ и ДУИ, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.