Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 142 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.046 тестови, како и 105 оздравени пациенти и четири починати лица, информира Министерството за здравство.

Од регистрирани 142 нови случаи на Ковид-19, од кои 28 се реинфекции, од Скопје се 79, Битола 26, Прилеп и Охрид по 7, Кавадарци, Велес и Кичево по 4, Куманово 3, Гостивар и Кочани по 2 и Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе по 1.

Две од починати четири лица се од Скопје, на возраст од 64 и 85 години, и по едно од Прилеп (73 г.) и Велес (58г). Сите се починале во болнички услови.

Дополнително според Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица – две од Скопје и едно од Тетово, на возраст од 78 години до 87 години, кои починале во период од 16 до 19 март 2022 година. Две од овие лица починале во домашни, а едно во болнички услови.

Од вкупниот број седум регистрирани починати лица, кај шест се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.983.540 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.796, бројот на оздравени пациенти е 297.164, на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.