Tрошоците за живот галопирачки растат, а СДСМ парите наместо за повисоки плати ги арчи за криминални зделки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Платите и пензиите ја изгубија трката со инфлацијата и поскапувањето на цените на основните трошоци на живот.

 

Поради погрешните политики на власта на СДСМ и ДУИ 35 % од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Цените на горивата за само година дена поскапеа за 70%, струјата поскапе за 30%, парното за 15%, лебот поскапе за 110%, а основните намирници се поскапи за 30-50%.

 

Во исто време долгот на Македонија достигна 61% од БДП и ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра, а ефектот од тоа никаде го нема. Нема нови автопати, нема нови болници, училишта, нема капитални инвестиции. Парите од задолжувањето и од буџетите завршија во коруптивните и криминални тендери, исплата на криминални „семинарски трудови“ и софтвери, набавки на позлатен прибор за јадење, службени возила, цвеќиња, кафиња, хотелски услуги, фстаци и слични непродуктивни трошења.

 

Ова покажува дека додека трошоците за живот галопирачки растат, СДСМ парите наместо за повисоки плати и заштита на стандардот на граѓаните, ги арчи за криминални зделки.

 

Сега кога вработените во образованието бараат повисоки плати, СДСМ без срам им вели дека тоа може да предизвика инфлација, а во исто време на криминален начин испумпува милион евра за фиктивни студии. Лицемерието и криминалот на СДСМ немаат лимит – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.