Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение, велат од СДСМ.

Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките.

Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува.

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет.

Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.

Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем – се наведува во соопштение на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.