Министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски ветува дека ќе спречат секаков вид на предизборен поткуп кој беше карактеристичен на минатите избори.

Во 2020 година СДСМ во време на корона и карантин делеше пакети со логото на партијата во речиси сите градови, посебно кај онаа ранлива категорија граѓани.

Сега нема да биде така, вели министерот за „Република“.

За ова има и снимки и докази кои за жал не се процесуираа.Има механизам ова да се спречи.Притисокот треба да биде врз Центрите за социјална работа бидејќи тие се во директна комуникација со крајните корисници.Сакаме да го спречиме она „јас ќе ги завршам работа“ за туѓа нега или социјална помош.Пораката кон директори на социјална работа, во центрите и во министерството е дека се што е надвор од закон ќе биде санкционирано.Сите пред законот треба да бидеме еднакви и треба да им помагаме на граѓаните само според закон-вели министерот за „Република“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.