Она што можеше да се насети од потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари…
Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите.
Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник.
Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово.
Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката.
Последниот стих во оргиналот гласи:
Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!
Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“.
Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево.
Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.
Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“.
Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.