Она што можеше да се насети од  потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари…

Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите.

Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник.

Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово.

Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката.

Последниот стих во оргиналот гласи:

Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!

Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“.

Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево.

Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.

Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“.

Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.