На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението на МВР.

Минатата недела дојави за бомби имаше речиси секој ден во училиштата во Скопје, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори. Досега, како што информираше МВР сите дојави за бомби се лажни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.