Ги информирам родителите и учениците дека навременото доставување на учебниците за учебната 2024/2025 година е одговорност на владата на ДИУ и СДСМ.
Поводот за оваа информација е сознанието дека по ВТОР пат е ПОНИШТЕН огласот за набавка на учебници по странски јазици. Имено учениците веќе повеќе години немаат учебници по странски јазици и сега ПОВТОРНО поради неспособноста на Владатa и службите во МОН, од кои најодговорна е одредена госпоѓа Вангелија Велева, но и Министерот, УЧЕБНИЦИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ПАК ЌЕ НЕМА.
Министерот и Педгошката служба треба да одговорат зошто е поништен конкурсот. Не ми се верува дека тоа е така затоа што службите во МОН не знаат да спроведат легална постпка за набавка на учебници, веројатно е во прашање нешто друго. Молам одговор на ова прашање. Јавноста има право да знае.
Кога се учебници во прашање, ве информирам дека Министерот промовораше дигитални учебници за четврто, петто и шесто одделение. Убаво, немам ништо против дигитални учебници, но моето прашање е КОЈ ГИ ОДОБРИ ОВИЕ УЧЕБНИЦИ? Ги провери ли некој, даде ли мислење, или и ова е експеримнтална програма спроведена на територија на цела Македонија?
Министре, на учениците им требаат УЧЕБНИЦИ! Ваша е одговорноста за нивно навремено доставување. Изборите не се причина и изговор за немање учебници. Без оглед на исходот од изборите, кој е сосема извесен, Вие сепак треба да си ја срботите работата за која Ве плаќаат граѓаните, напиша на Фејсбук, Проф д-р Весна Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.