Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку дена пред неговото доаѓање на функција. Тврди дека Владата не дозволика да биде сменет.

Во изјава за „Радио слободна Европа“ Тошковски тврди дека со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак најавува засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

Суштински проблем е зошто токму владата флагрантно го крши законот и тоа законот за влада особено одредбите кои се поврзани со изборите и при тоа се дрзнува да не ми дозволи мене како министер кој е предложен од страна на опозицијата, да постави началник само на еден сектор за внатрешни работи, а тоа е СВР Тетово. При тоа да не му дозволи на дополнителниот заменик министер кој што доаѓа од редовите на СДСМ да постави дополнителен началник на СВР Тетово, кое што е надлежно да се грижи за безбедноста и за фер и демократски избори токму на реонот Тетово, Гостивар и околината, изјави Ташковски за РСЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.