Дeнеска имаме еден убав настан каде што може да слушнеме многу проекти, каде ја презентираме програмата Платформа 1198 и јас би кажал дека оваа платформа односно самата програма значи луѓето да бидат на првото место, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5.

Мисајловски во текот на своето обраќање посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува секој еден граѓанин да биде задоволен од економскиот стандард.

-Економијата е најважна, затоа што граѓаните очекуваат подобар животен стандард и тоа ни е клучното. Ние како да ги покачиме платите предвидуваме со оваа програма, како пензионерите да добијат веднаш во првата година зголемување на својата пензија, како да имаме јака борба против корупцијата. Ние нудиме повеќе мерки како ќе се справиме со корупцијата, но најважно од се е како секој еден граѓанин од Македонија да биде задоволен од економскиот стандард, од животот во Македонија, а не како СДСМ да ветуваат се и сешто, а да не бидат реални, порача тој.

Мисјаловски се осврна и на изградбата на автопатишта каде укажа дека власта на СДС во овие 7 години не направи еден километар автопат.

Сега гледаме СДСМ во нивната програма ветиле нови 950 километри автопатишта, но јас сакам да ги потсетам сите граѓани во сите овие 7 години нема ниту еден километар автопат од СДСМ, они велеа дека ќе привлечат многу странски инвестиции, но тоа се само празни ветувања, кажа Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува како ќе се справи со инфлацијата.

Имаме огромна инфлација во државата и како ќе се справиме со тоа ние предвидуваме во нашата програма. Затоа е добро овој период да го искористиме насекаде да појдеме, во секое село, во секој град, да разговараме со граѓаните и да им ја покажеме нашата програма, кажа тој.

На крај Мисајловски порача:

Во оваа програма сакаме пред се да ветиме работа. ВМРО-ДПМНЕ е позната по проектите и сакаме да покажаме дека народот може да има достоинствен живот и исто така да покажеме дека сме многу поразлични од овие што ја водат државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.