Крајниот ефект е дека ние како контролори за летање како поминуваа годините ја чувствуваме деградацијата на целиот систем поради тоа што луѓето што заминуваа во пензија кои беа професионалци не наследува млади кадри кои се желни да работат ние едноставно добивавме луѓе кои не се заинтересирани за условите и не сакаат да го научат тоа што треба, рече претседателот на синдикатот во М-НАВ Александар Тасевски во емисијата „За или Против“ на Алфа телевизија.

Тој додаде дека не може да се продолжи на ваков начин бидејќи таквиот ефект на разочарување кај професионалците доведува да тие професионалци се иселат од државава.

-Најпрво револтира она што ние со години наназад реагираме и се докажа дека онаа физичка безбедносна во системот за летање е на ниво на незадоволително. Самото тоа што некој може да влезе во кулата претставува безбедносен пропуст. Самиот настан го отплеткува клопчето да се види кој се бил вработен на тие места, вели Тасевски.

Тој е дециден дека разрешувањето на директорите треба да е разумен потег на Владата.

-Во овој случај идеме во насока за главните виновници кои доведоа до овој настан и кој е еден од проблемите е разрешен. Поставени се нови раководни лица во М-НАВ, заклучи Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.