Вчерашното признание на судијката Оља Ристова за случајот „Двојник“, или во јавноста попознат како „пасоши“ покажа зошто довербата во судството е само осум проценти.
Судијката што го судеше овој случај се отвори и призна дека за издавањето на 215 македонски пасоши на балкански и светски криминалци полицијата и Обвинителот го подготвувале предметот селективно намерно изоставувајќи „дел од службените лица“.
🎙
Оља Ристова, судија која му пресуди на Двојник – издавање на 215 Македонски пасоши на белосветски криминалци:
🔻Полицијата и Обвинителот селективно го “СПАКУВАЛЕ” предметот намерно изоставувајќи “дел од службените лица”
🔻Потребна е РЕВИЗИЈА за предметот pic.twitter.com/i1OeXMFR8X— Демир (@Trollowsky) August 23, 2022
Ристова уште вели дека никому не му е јасно зошто се случувало тоа, освен на полицијата и на Обвинителот, којшто се занимавал до тој предмет.
Она што е точно што вели дека судот и таа како судијка не може да додаваат обвинети и морале да судат од она што им е доставено како обвинение.
За поздравување што Ристова смета дека е неопходно да се направи ревизија за овој случај.
Која е судијката Ристова
Таа е сестра на активистот на СДСМ Боби Илиевски и на фејсбук лајкувала статус на нејзиниот брат на објава за апсење на еден од осомничените во случајот 27 април. Претходно пак Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на адвокатите во овој случај со која се бараше изземање на судијката Оља Ристова од советот кој треба да го оценува обвинителниот акт.
Што пресуди Ристовa за пасошите
Во пресудата е наведено дека Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ, обвинети во случајот „Двојник“ за нелегално издавање пасоши во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Обвинетиот Буки е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор.
Во образложението на пресудата Ристова напиша дека „за да ги издадат пасошите, според ОЈО Скопје, обвинетите користеле идентитети на македонски државјани што досега не ваделе македонски пасоши, а се иселени од земјава или од раѓање живеат во странство и никогаш не оствариле влез во Македонија“.
Кој сѐ доби македонски пасош
Листата е долга. Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира, потоа водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ кој откри дека пасошот му бил доставен на домашна адреса во Црна Гора, а со нашиот пасош беше и уапсен во Црна Гора.
Македонци по пасош станаа и ликвидаторот на водачот на Кавачкиот клан, Стефан Ѓукиќ, потоа Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои беа ликвидирани во ресторан во Атина, како и и водачот на италијанската мафија Ндрангета.
Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија. Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија исто така со македонски пасош
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.