Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека СДСМ ваква каква што е сервилна е многу посакуван партнер на ДУИ се со цел да се задржи ден повеќе на власт.

„Проблемот на власта сериозно лежи во сервилноста на едните да прифаќаат се што им кажуваат другите. Ваков СДСМ е многу посакуван партнер за ДУИ, ДУИ во овој момент најмногу посакува сите да се однесуваат како што се однесува СДСМ, и затоа не им одговараат предвремени избори бидејќи никогаш во историјата ниту една политичка елита не била толку послушна кон нив, а најмалку тоа ќе го добијат со ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ова што се случува исмевање на отворена сцена со сите граѓани, еве ќе ве потсетам на неколку работи, прво на фирмата избор која што се случи за да врши надзор на сите овие проекти автопатите за производство на долна облека 22 милиони евра, потоа видовме какви недоветни изјави се даваа кога видовме дека братот на вицепремиерот купил дуќан во центарот на Скопје, потоа продажбата на хотел со цена колку една гарсоњера во Скопје, Аудито на комшијата, трговскиот центар, доделување на земјиште на сопруги, енергетскиот сектор кој се не се инволвира, па синот на поранешниот премиер, па синот на Али Ахмети, и сите такви коруптивни скандали кои што се случуваат укажуваат на тоа дека овие кои што се сервилни односно помалиот коалиционен партнер со повеќе пратеници се таму за да служат на овие да се збогатат колку што можат повеќе“ нагласи Стојаноски

Стојановски посочи дека СДСМ е сервилна кон тесна криминална клика се со цел да се задржи повеќе на функциите.

„Ние немаме проблем што тие се сервилни кон некој како етникум проблем е што се сервилни кон една тесна криминална клика кој што го киднапираат етникумот и играат на таа карта за да може што подолго да се задржат на функциите“ истакна Стојаноски.

Стојаноски додаде и дека неопходни се реформи во секоја област и потребна е одговорност за сите оние кои што се огрешиле пред законот.

„Големата поддршка од граѓаните која што ја имаме сега дава и голема обврска овој народ не може да биде повеќе разочаран, 32 години е разочаран и немаме можност дополнително да разочараме. Еднаш засекогаш треба да биде повикан некој на одговорност. И тука да нема мои твои наши или ваши тука сме сите еднакви, пред законот сите се еднакви тој што грешел треба да биде повикан на одговорност особено оние кои 20 години сметаат дека се недопирливи“ истакна Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.