Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.