Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ставовите на претседателот Стево Пендаровски искажани во интервју во однос на амнестија и измените на КЗ потенцираше дека Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија.

Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија – рече Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.