Најавуваме цел еден месец којшто ќе биде проследен со низа други активности пред протестот закажан за 18-ти јуни, како предвесник за активната блокада на Собранието, изјави за Утрински брифинг Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него „очигледна е недовербата на владата и тоа го покажуваат сите анкети“.

Дветретини на граѓаните се против оваа власт. Недовербата кон оваа власт е огромна и ова ќе биде само катализирање на катастрофите за Македонија. Активната блокада е спречување на штетните Закони и решенија коишто ги предлага оваа власт, која има тешки криминогогени и лукративни моменти, кои одат на штета на државата, вели Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.