Како досега, тауак и отсега – нема да има подобрување на состојбите во македонија се додека на власт е СДСМ, сметаат македоснките граѓани. На телефонската анкета што ја проведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на прашањето „Дали со формирањето на новата влада ќе се надмине кризата во Македонија или не?“ 42,7 отсто од испитаниците одгвориле негативно.
Исто така, висок процент од испитаниците одговориле дека не очекуваат подобрување од старо-новата влада на Димитар Ковачевски.
Во истражувањето спроведено во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022, учестввуале 1124 испитаници.
Како што веќе пишувавме, 22,5 проценти од испитаниците гледаат излез од кризите во кои западна Македонија во политиките на Мицкоски гледаат 17.7 отсто од граѓаните. Според довербања меѓу гласачите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има три и пол пати повисок рејтинг од новиот премиер Димитар Ковачевски и двапати повисок рејтинг од неговиот претходник, поранешниот премиер Зоран Заев. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ужива 2,5 отсто од довербата на гласачите.
Меѓу партиите, најдоброрангирана во анкетата е ВМРО-ДПМНЕ. Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, мноизнството ќе се предели за партијата предводена од Мицкоски.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.