Дваесет и четиригодишна девојка вчера го загуби животот на лице место откако беше прегазена на пешачки премин од возило кое претекнувало по лева лента. Јавноста реагира дека ваквите случаи се последица од систем кој е благ кон несовесните возачи. Адвокатот Драган Пешевски, пак, смета дека казната од шест месеци за Зоран Милески – Кичеец, за предизвиканата сообраќајна несреќа во која загина едно лице, а повеќемина беа тешко повредени, во време кога тој требаше да биде во затвор, само охрабрува случаи како вчерашниот.

Обвинителство што склучува спогодба за шест месеци затвор со осуденик, кој во моментот на сторување на делото треба да е во затвор а не на пат, за сообраќајка со смртни последици, охрабрува случаи како вчерашниот!, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.