Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје. Оттаму додаваат дека го почитуваат во целост уставно – загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и вољата да го искаже своето незадоволство.

Воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа конкретната пресуда неможе да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над седум години, велат од Кривичен суд – Скопје.

Од судот ги повикуваат странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право на жалба пред Воторстепениот суд каде, како што велат, ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата.

Воедно истакнуваат дека ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, и изразуваат сочуство до семјеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.