Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не се чуствува одговорна и оти со предметот „Рекет“ е обвинета за нешто што го сторила.

Таа се пожали дека цело време ја навредувале дека е провинцијалка која не го познава правото.

Ме донесоа како најголем криминалец во суд на денот кога почина мојата мајка. Ми велеа дека можам да избегам. Ете бев на викенд дома, па не избегав. Осудена сум без ниту еден доказ, се пожали Јанева.

За спорната снимка на која е снимена дома со пари рече дека не знае како настанала.

Навистина не знам. Тогаш бев болна и се гледа како лежам на креветот ниту знам кога Бојан ме снимал, дополни поранешната специјална обвинителка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.