Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи и службите на Владата мора да имаат предвид дека новинарите и снимателите работат во тим и не смее да бидат одвоени, бидејќи на тој начин им се оневозможува да работат согласно професионалните стандарди и систем на дејствување на новинарските екипи со цел известувањето да биде објективно и професионално. Одговорните за организација на настанот во црквата св. Спас во Скопје се уште имаат време да ги исправат погрешно утврдените протоколи за движење на медиумските екипи, се вели во реакцијата.

Со првично предвидениот протокол, како што наведува ССНМ, Владата и нејзините служби ги попречуваат новинарите во извршување на нивната основна работа, а со тоа се попречува и слободата на информирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.