Скандал и блам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на известувањето до членовите на СДС од Арачиново, објавено на фејсбук страната на арачиновскиот огранок на партијата, каде се вели сите тие кој што се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново.

Ова е срам и блам за македонската армија. Ова е доказ дека СДС партизира се од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабски филтер во огранок како Арачиново, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат каде е министерката за одбрана Славјанка Петровска, каде е „дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ“?

И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и заовој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.