Судот треба во итно да постапи согласно членот 40 од Законот за вонпарнична постапка и да го отпочне процесот за утврдување на деловната способност на дезертерот Ковачевски, бараат пд ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека сепак не се работи за било кое лице, туку за носител на функцијата премиер.

Уверението кое го има приложено за одбегнување на воениот рок, во кое е наведено дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, е доволен сомнеж и основ да се испита неговата деловна способност. Дезертерот Ковачевски има пристап до државни тајни, треба да донесува рационални одлуки, од него зависат државата и граѓаните и затоа е од суштинска потреба судот да утврди дали е деловно способен или не. Неговата ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ може да предизвика голема штета на Македонија.

Веројатно во таа процедура ќе се утврди дали човекот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН или само лажирал документи за да не оди во војска. И во едниот и во другиот случај треба да ја напушти функцијата.

Колку подолго молчи судот под притисок на власта, колку повеќе бега Ковачевски, толку повеќе се потврдува неговата дезертерска карактерна црта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.