Висок дипломатски извор во ЕУ изјавил дека новиот импулс во односите помеѓу Бугарија и Македонија по посетата на бугарскиот премиер е добар знак за почетокот на преговори со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Дипломатски извор од француското претседателство за МИА изјавил дека посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков во Скопје оваа недела претставува отворање помеѓу двете страни.
Не сакам да зборувам на место на лидерите, но гледаме отворање, ние како претседателство бараме конкретизација за да можеме да ги отвориме преговорите за членство, не само со Македонија туку и со Албанија штом условите бидат исполнети – објаснува високиот дипломат во Брисел.
Во вторник во Брисел ќе се одржи редовниот Совет за општи работи на ЕУ каде што ќе се состанат министрите за европски прашања на ЕУ. Проширувањето нема да биде на дневен ред, потврди француското претседателство, кое претседава со состанокот. Но министрите се слободни да го покренат прашањето за проширувањето или за Македонија доколку сметаат дека е потребно.
Франција нагласува и дека останува на располагање на двете страни да им помогне да го надминат спорот и да изнајдат решение.
Од почеток рековме дека ќе поттикнеме изнаоѓање на решение помеѓу Бугарија и Македонија – изјави француски дипломат за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.