На средбата со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски Синдикатот на полицијата во Македонија побара нивната иницијатива за изградба на спомен обележје да се стави во мирување.

До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме, велат од СПМ.

Од таму додаваат дека веќе поднеле нова Иницијатива/ Барање, но до Собранието и до сите пратенички групи за давање на поддршка за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани.

Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2.
Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата, велат од СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.