По целонеделен штрајк лекарите специјализанти за утре најавија протест пред Министерството за здравство точно во 11.55 часот со пораката „5 до 12 за македонското здравство“.
„Се решивме на протест под мотото „5 ДО 12 ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО“ со цел повторно да го кренеме гласот за нашите барања за достоинствен живот и основни човекови права. Овој протест нема за цел само изразување на нашето лично незадоволство, туку протестираме и за да го искажеме нашиот стремеж кон подобрување на условите за нас како лекари и за нашите пациенти“, се вели во најавата на специјализантите кои очекуваат широк одглас за нивните барања и конечно за решавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.