Максим Димитриевски на вечерашната дебата на МТВ имаше забелешка за однесувањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Лидерот на ЗНАМ смета дека Османи повеќе се грижи за Косово отколку за Македонија.

Вие повеќе се однесувате како министер на Косово а не на Македонија.Мене тоа ми е разбирливо, вашиот наратив е таков ги ловите на емоции гласовите на Албанците.Нашата дипломатија ја урнисаа политичките субјекти.Првенствено вашиот кој влезе со пушка во Парламент, запоседнаа половина извршна, судска, обвнителска и тоа со амин на претседателите-рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.