Оливер Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста.

 

Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.

 

Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.

 

Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.

 

Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.

 

Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.

 

За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците?

 

Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите.

 

Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

 

Затоа колку побрзо заминат, толку подобро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.