Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготвила измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што информираат од Министерството за правда, министерот Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.

Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието, стои во соопштението од МП.

Оттаму дополнуваат дека Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.